15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Костовски: Конзистентноста и одговорноста на договорените коалициски работи меѓу СДСМ и коалиционите партнери се почитуваат

„Не лицитирам со проценти на добивки и загуби во однос на тоа што ќе добие ДУИ од премиерка Албанка. Факт е дека конзистентноста и одговорноста на договорените коалициски работи меѓу СДСМ и коалиционите партнери се почитуваат и ќе се почитуваат во иднина. Ќе има техничка влада 100 дена како што е во законот за Влада и ние не ретерираме од тоа дека треба да биде Албанец. Не е битно дали ќе биде Ром, Албанец, Влав, Турчин, Србин и тн. Битно е во политиката да креираме мислење како лично и колективно дали некој има квалитети или нема квалитети, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски го неговото гостување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека граѓанското осознавање на работите, граѓанскиот концепт презентиран од СДСМ подолг временски период можеби ќе биде манифестиран со техничка влада каде што ќе биде Албанец премиер.

„Тоа воопшто не го ставаме под знак прашалник во однос на рејтингот на Социјалдемократскиот сојуз. Ние сме најдржавотворна партија, која ги донесе најболните, најтешките одлуки за државата за да можеме да се интегрираме и да ги исполниме двете стратешки цели, влезот во НАТО, сега и во Европска Унија“, заклучи Костовски.