Концертот на македонската пејачка Калиопи во белградската сала МТС бил прекинат бидејќи на непозната жена и се слошило и набргу починала.
Имено, Калиопи морала да го заврши долго најавуваниот концерт бидејќи на една жена од публиката ненадејно и се слошило, а брзата помош пристигнала со молскавична брзина, дознава Курир.
Присутните за гореспоменатите медиуми сведочат дека сите морале веднаш да го напуштат теренот, а и покрај големите напори на итната помош да ја одржат во живот, таа починала.
Госпоѓата која на концертот пристигнала со другарките и ќерката, наводно наеднаш изгубила свест и колабирала.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...