11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Драма на аеродромот во Хамбург: Вооружен маж се забарикадира во автомобил, држејќи деца како заложници

Неидентификуван маж, за кој се верува дека е вооружен, ја пробил безбедносната бариера на аеродромот во Хамбург во Германија и се упатил кон пистата.

Еден човек држи две деца во заробеништво во својот автомобил, според локалните извештаи.
Авиосообраќајот на аеродромот во Хамбург е запрен додека властите се справуваат со ситуацијата.

Сите пристапи до терминалите се блокирани, со силно полициско присуство на лице место.

Како што пренесува Билд, сопругата на мажот ја известила полицијата дека нејзиниот сопруг ги „заробил“ нивните две деца во автомобилот и се упатил кон аеродромот.

Се соопштува и дека мажот е вооружен, бидејќи испукал неколку истрели од своето возило на аеродромот, пренесува британски Експрес.