14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„ДОЛИНА НА СМРТТА“: По бизарна несреќа, мотоциклист итно пренесен во болница, виновен е пајак

Звучи необично, но се случи. Мотоциклист беше итно пренесен во болница во саботата, откако беше повреден во судар предизвикан од тарантула. Тоа го соопштија претставници на Националниот парк „Долина на смртта“ во Калифорнија.

До несреќата дошло откако возачот на изнајмениот кампер „наеднаш закочил“ за да избегне прегазување на тарантула на патот, поради што мотоциклистот удрил во задниот дел од камперот, соопштија од паркот.

Џиновски влакнест пајак минувал по државниот пат источно од Таун Пас. Еден швајцарски брачен пар кој ги посети САД се возеше во камперот, рекоа претставници на паркот.

Пајакот не бил повреден и брзо избегал од возилото.

– Ве молиме возете полека, особено кога се спуштате по стрмни ридови. Нашите патишта се уште имаат чакал од поплавите, а дивите животни од сите големини се надвор – изјави надзорникот на паркот Мајк Рејнолдс на местото на несреќата.

Тарантулите градат подземни дувла каде поминуваат многу време, но често излегуваат на есен за сезоната на парење. Иако се брзи, честопати ги убиваат патиштата.