19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин ја надгледуваше вежбата на нуклеарните сили

Рускиот претседател Владимир Путин ја надгледуваше вежбата на нуклеарните сили на земјата како одговор на можноста за нуклеарен напад, изјави во средата министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

За време на состанокот во Москва со Путин, Шојгу извести дека била одржана воена вежба која вклучува обука на стратешките сили за одвраќање за да извршат нуклеарен напад од големи размери како одговор на нуклеарниот напад на противникот.

– Под ваш надзор беше спроведена обука за управување со вооружените сили на Руската Федерација, при што беа разработени задачите за масовен нуклеарен напад од стратешките сили за одвраќање како одговор на нуклеарниот удар на непријателот – рече Шојгу.

Началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, кој присуствуваше на состанокот, рече дека за време на вежбата силите извршиле пробно лансирање на балистички и крстаречки ракети од копнени, морски и воздушни позиции.

Според Герасимов, „целосно се реализирани сите задачи што беа поставени за обуката“.