11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Со општиот колективен договор сите вработени во култура добиваат покачување

„ Се јави забуна кога моравме да направиме измена на решенијата за плата на вработените во култура, бидејќи претходно во преговорите со репрезентативниот синдикат во областа во култура, не успеавме да постигнеме договор за потпишување на Анекс на колективниот договор како тоа што како што го направија тоа и другите сектори. Токму затоа моравме да имаме правен пат, односно правен механизам врз кој што министерството за финансии ги исплатил нивните плати, покачени за 10 отсто, согласно стапувањето на сила на општиот Колективен договор“ објасни министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Канал 5.

Таа додаде дека со стапувањето на сила на општиот колективен договор сите кои спаѓаат во јавниот сектор добиваат покачување.

Министерката Костадиновска-Стојчевска кажа дека актерите од прва катеогрија имале нето плата од 53264 денари, а сега имаат 58450 денари, без минат труд.

„На пример, платата на балетски играч првенец конкретно, старата плата односно нето платата која што ја гледаат на сметка изнесуваше 63 823 денари, сега без минат труд изнесува 70 115 денари. Што значи дека во март 2024 година кога повторно ќе имаме зголемување на минималната плата бидејќи како Влада сме го поставиле тоа како цел и како определба дека минималната плата ќе продолжи да расте, тие ќе мора повторно да имаат нови решенија за плата, коишто апсолутно нема да им го минираат нивниот колективен договор потпишан во 2019 година, туку само ќе ја имаат нова плата која што ќе се пресметува по поволното право“ рече Костадиновска Стојчевска.