14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Словачка

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе Словачка во 20 часот и 23 минути по локално време.

Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил на длабочина од десет километри и десет километри оддалечен од градот Стропково.

„Се тресеа креветите и масите“, „Траеше 6-7 секунди“, „Бев во кревет и се тресев, а телевизорот на ѕидот се мрдаше“, се дел од коментарите на граѓаните кои го почувствувале земјотресот, пренесува Јутарњи лист.