14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Само што ги започнавме нападите, она што следува ќе одекнува со генерации

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави обраќајќи и се на нацијата, дека Израел само што почнал да го напаѓа Хамас, пренесува Гардијан.

„Единствено што е важно е да останете смирени. Знам дека сите сакаме резултати токму овде, сега, но ќе биде потребно извесно време. Ви ветувам дека на крајот на војната, нашите непријатели ќе знаат дека нападот на Израел е ужасна грешка“, рече тој, додавајќи „она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации“.

Нетанјаху, исто така, рече дека некои вооружени членови на Хамас се уште се на израелска територија.

Израелскиот премиер рече дека ќе направи се за заробените израелски граѓани во Газа.

Говорејќи во Тел Авив, тој рече дека ги повикува опозициските лидери веднаш да формираат влада на национално единство.

Нетанјаху рече дека војната му била наметната на Израел од „страшен непријател“ и вети дека Израел ќе победи.

„Граѓани на Израел, влеговме во третиот ден од оваа војна. Се бориме за нашиот дом и за нашата егзистенција“, додаде израелскиот премиер.