14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ја убиле, па парадирале со телото: Девојка дошла на мировниот фестивал во Израел каде што упадна Хамас и стана жртва на војна

Жената со чиешто голо, безживотно тело парадираа Хамас во задниот дел на пик-ап додека милитантите седеа врз неа и се потсмеваа по нивниот насилен упад синоќа, беше идентификувана како германски поп-артист и модел.

Шани Лук (30) беше на музички мировен фестивал кога беше заробена од терористите додека го напаѓаа Израел во ненадеен напад во кој загинаа стотици, а беа повредени илјадници лица.

Нејзиното тело е снимено во задниот дел на камион, со едната нога под неприроден агол, додека околу неа седат терористи и поддржувачи на групата како навиваат, трчаат покрај неа и плукаат по неа додека возат низ Газа, пишува „Дејли Мејл“.

Информациите беа споделени во медиумјите додека нејзината мајка објави потресно видео во кое моли за помош за да открие што се случило со нејзината ќерка.

Држејќи слика од Шани на мобилниот телефон, таа рече: „Утрово, мојата ќерка Шани Никол Лук, германска државјанка, беше киднапирана од палестинскиот Хамас со група туристи во јужен Израел. Ни испратија видео на кое јасно можев да видам дека нашата ќерка се онесвестила во автомобил со Палестинците и тие возат низ Појасот Газа. Ве молиме испратете ни каква било помош или какви било новости. Ви благодарам многу”.

Се верува дека била мачена и убиена.

Хамас тврдеше дека таа е израелски војник – но синоќа братучедот на Шани рече дека таа немала никаква врска со армијата.

„Ништо не сме слушнале. Се надеваме на позитивни вести. Дефинитивно е Шани. Таа беше на музичкиот фестивал за мир. Ова е ноќна мора за нашето семејство“, изјавила нејзината братучетка, пренесе Дејли Мејл.

Палестинските милитанти вчера ја започнаа својата најлоша офанзива во последните 50 години со невидени копнени, морски и воздушни напади.

Во координиран, повеќестран напад, палестинските терористи влегоа во Израел од Појасот Газа, заземаа населби и заробија и убиваа цивили кои го славеа еврејскиот празник.

Се стравува дека десетици луѓе биле киднапирани од улиците и вратени во Газа или едноставно убиени на лице место.

Спонзорирано: