10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Командантот на Хамас повика на бунт против Израел: Ако имате oружје, излезете

Мухамед Ал Деиф, воениот командант на Хамас, повика денеска на бунт против Израел.

„Ако имате оружје, излезете. Ова е време да го користите. Излезете со камиони, автомобили, секири. Денес започнува најдобрата и најчесната историја“, вели Ал-Деиф во пораката, пренесе „Си-ен-ен“.

Тој додаде дека нападот врз Израел е реакција на нападите врз жените, сквернавењето на џамијата Ал Акса и опсадата на Газа.

Израелската армија објави дека ќе ја брани земјата.

Израел утрово беше нападнат со ракети од Појасот Газа, а одговорноста ја презеде милитантната група Хамас. Во нападот има ранети и загинати. Израел прогласи воена состојба и најави дека Хамас ќе плати висока цена.

Спонзорирано: