10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден спомна можна средба со Кси Џинпинг во ноември во Сан Франциско

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека постои „можност“ за средба со неговиот кинески колега Си Џинпинг за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) закажан за средината на ноември во Сан Франциско.

„Таков состанок не е договорен, но постои можност“, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа, додека американските медиуми објавија дека двајцата лидери планираат да се сретнат за да ги намалат билатералните тензии.

Пекинг и Вашингтон го обновија дијалогот во последниве месеци со серија посети на високи американски претставници на Пекинг, вклучително и министерот за надворешни работи Ентони Блинкен.

Но, билатералните односи остануваат затегнати, а трговските спорови, кинеската експанзија во Јужното Кинеско Море и прашањето за островот Тајван остануваат пречки.

Во август, Бајден посочи дека планира да се сретне со претседателот на Кина за време на самитот на АПЕК. Пекинг се уште не го потврдил учеството на Кси на самитот.

Спонзорирано: