10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турист се разболел од бизарен синдром и направил хаос во музеј во Ерусалим: фрлал древни статуи на подот

Израелската полиција уапси американски турист во Музејот на Израел во Ерусалим откога тој фрлил уметнички дела на подот оштетувајќи две римски статуи од 2 век.

Полицијата го идентификува осомничениот како радикален 40-годишен американски Евреин, кој дошол како турист. Првичните сослушувања на осомничениот сугерираат дека тој ги оштетил статуите бидејќи ги сметал за „идолопоклоници и спротивни на Тора“, соопшти полицијата.

Адвокатот на осомничениот, Ник Кауфман, негираде ка обвинетиот дејствувал од религиозен фанатизам, но дека боледува од ментално растројство, кое психијатрите го нарекуваат ерусалимски синдром.

Тоа е форма на дезориентација за која се верува дека е предизвикана од религиозниот магнетизам на градот, кој е свет за христијаните, Евреите и за муслиманите и наводно ги наведува странските аџии да веруваат дека се фигури од Библијата, пишува АП.

На пријавениот му е наредено психијатриско вештачење.

Музејот на Израел, кој изложува археолошки артефакти, уметнички дела, еврејска уметност и живот, го карактеризира вандализмот како вознемирувачки и необичен настан. Во соопштението на Музејот се осудуваат сите форми на насилство и се изразува надеж дека вакви инциденти нема да се повторат.

Спонзорирано: