14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„На ЕУ може ѝ е потребна нуклеарна Украина“, порача Захарова

Во овој театар на апсурдноста, постои можност на ЕУ да ѝ треба нуклеарна Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Како што наведе таа, за тоа сведочи отсуството на реакција на ЕУ на изјавите на официјален Киев дека земјата треба да добие нуклеарен статус.

„Имајќи предвид дека луѓе како (германската министерка за надворешни работи) Анален Бербок се на власт во земјите од Европската унија, не ја исклучувам можноста дека ќе им треба и нуклеарна Украина во тој театар на апсурдот. Тие зборуваа за тоа. Во последниот случај, тие не го опоменаа Зеленски кога кажа такви глупости на конференцијата во Минхен“, истакна Захарова.

Таа се осврна и на изјавата на министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелус Ландсбергис, кој повика на распоредување нуклеарен чадор на НАТО над Украина.

„Тоа е земја која, ми се чини, не придонела со ништо кардинално важно или исклучително актуелно во решавањето на кое било прашање поврзано со нуклеарната безбедност. Барем јас не сум свесна за тоа. Сепак, таквите празни зборови не остануваат незабележани“ изјави Захарова.

Спонзорирано: