17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во терористички напад во Нигер загинаа 29 војници

Најмалку 29 војници загинаа во терористички напад што се случи во африканската држава Нигер во близина на нејзината граница со Мали.

Министерството за одбрана на Нигер соопшти дека цел на нападот била воена единица која се враќала од антитерористичка операција во областа Табатол.

Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле 29 војници, а уште двајца се ранети. Наведено е дека се неутрализирани неколку терористи.

Се известува и дека во Нигер е прогласена тридневна жалост поради смртта на војник во терористички напад, што е најсмртоносниот терористички чин откако армијата ја презеде власта во Нигер на крајот на јули.

Спонзорирано: