11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца сириски војници се ранети во израелски воздушен напад

Двајца војници се ранети вчера по израелски воздушен напад врз позиции на сириските вооружени сили во близина на источната сириска провинција Деир ал-Зор, јавија сириските државни медиуми, повикувајќи се на воени извори.

„Околу 23:50 часот на 2 октомври, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз некои од позициите на нашите вооружени сили во близина на Деир ал-Зор, при што беа ранети двајца војници и има одредени материјални загуби“, изјави сириски воен извор. Израелската армија се уште не ги коментира овие наводи.

Израел со години извршува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, каде што влијанието на Техеран порасна откако почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година.

Спонзорирано: