14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Трагедија во Турција: Камион излетал од патот и удрил во луѓе кои присуствувале на погреб, при што загинале шест лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила завчера во Турција, во која загинале шест лица, а 25 се повредени.

Несреќата се случила утрото во јужната провинција Кахраманмарас. Откако градежниот камион кој превезувал чакал излетал од патот, удрил во група луѓе кои присуствувале на погребот.

Пред да се преврти на гробиштата, удрил во три возила и ги влечел. Интервенираа голем број припадници на итната помош. Две лица загинале на местото на несреќата, пренесува Кликс.

Според првичните информации, 28 повредени се пренесени во блиските болници. Уште четири лица починаа малку подоцна.

Возачот на камионот Џенгиз Аксу, кој исто така беше повреден, подоцна е приведен во рамките на истрагата за несреќата, пишува турскиот весник „Хуриет дејли њуз“.