17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски ги претстави клучните приоритети на министерот за одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги истакна клучните приоритети на идниот министер за одбрана, Рустем Умеров.

Петте клучни приоритети вклучуваат зајакнување на централната улога на Министерството во одбранбениот сектор, ставање на војниците како најголема вредност, проширување на меѓународните партнерства, борба против корупцијата преку дигитализација и реформирање на армијата според стандардите на НАТО.