17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД испраќаат контроверзна муниција со осиромашен ураниум во Украина

Пентагон објави нов пакет воена помош за Украина во вредност до 175 милиони долари, вклучувајќи муниција за тенковите Абрамс со осиромашен ураниум, што е првпат Вашингтон да испрати контроверзна противтенковска муниција во Киев. Пентагон во средата соопшти дека воената помош ќе вклучува противоклопни системи, тактички системи за воздушна навигација и дополнителна муниција за ракетните системи ХИМАРС.

Соопштението се совпаѓа со посетата на шефот на американската дипломатија, Антони Блинкен, на главниот град на Украина, Киев, каде што дојде да покаже поддршка за Украина и нејзината контраофанзива против руските сили која трае веќе три месеци, но со само мал напредок.

Помошта од 175 милиони долари е дел од поголемиот пакет помош од 1 милијарда долари што ја најави Блинкен во Киев. Вклучува и над 665 милиони американски долари цивилна и воена безбедносна помош и милиони долари за поддршка за воздушната одбрана на Украина и други области.

Иако Обединетото Кралство испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина на почетокот на оваа година, ова ќе биде прва американска пратка на таква муниција и најверојатно ќе предизвика контроверзии. Пентагон го објави ова по претходната одлука на Вашингтон да испрати касетна муниција во Украина опасна за цивилите.

Употребата на муниција со осиромашен ураниум е жестока дебатирана, а противниците, како што е Меѓународната коалиција за забрана на такво оружје, тврдат дека постојат опасни здравствени ризици од внесување или вдишување прашина од осиромашен ураниум, вклучувајќи рак и вродени дефекти. Осиромашениот ураниум е нуспроизвод на збогатување ураниум и се користи за муниција бидејќи неговата висока густина му овозможува лесно да навлезе во заштитната облога.