23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Се огласи Резников: прво негово соопштение по одлуката за смена

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников соопшти дека поднел оставка до Врховниот совет.

„Ми беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за армијата на Украина во последните 22 месеци, во најтешкиот период од модерната историја на Украина“, рече Резников.

Еден ден претходно, претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави одлуката за разрешување на министерот за одбрана на земјата Алексеј Резников и на негово место го предложи Рустем Умеров.

Шефот на кримскиот парламент Владимир Константинов изрази мислење дека оставката на министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, е поврзана со неуспехот на контраофанзивата на украинските војници.