14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшна трагедија во Србија: Почина дете (2), тоа било несреќен случај

Момче од Кикинда, кое уште немало две години, денеска трагично загинало кога се заплеткало во јажето со кое се кревало и спуштало завесата.

Според неофицијални информации, трагедијата се случила денеска во утринските часови, додека момчето си играло со својот брат близнак.

Детето било донесено во болница без знаци на живот.

И покрај напорите на лекарите, малиот не можел да се спаси.

За се е известено надлежното обвинителство. Во тек е истрага.