8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КУЛТУРА

Распишани конкурсите за поезија и плакат на манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, распишува поетски конкурс за годинешното издание на фестивалот.

Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми поврзани со промените глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 20 септември 2023 година по што ќе бидат разгледани од комисијата, која ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација. Сите други пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на „100 илјади поети за промена“. Ваков конкурс се организира веќе тринаесет години по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот.

КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „100 илјади поети за промена“, Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати, кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а тематски може да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот…

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истиот имејл погоре (poetizapromena@gmail.com) или на фејсбук-профилот на оваа манифестација најдоцна до 25 септември 2023 година по што ќе бидат разгледани од комисијата, која ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата, која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на 30 септември 2023 година во Струмица.

Спонзорирано: