14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.mk/Архива
СВЕТ

Му должеле 7.000 евра, поради нив, го бркале извршители: објавена фотографија од човекот што активира експлозив во Смедерево

Соседите на Ѓорѓе А., кој синоќа со бомба се разнесе на третиот кат од зграда во центарот на Смедерево и повреди двајца, објаснуваат дека подолго време имал проблеми со станарите.

„Не можеше да ги избрка од станот, му должеа повеќе од 7.000 евра, ја сменија бравата, го малтретираа. И тој се реши на таков драстичен чин. Немам подобар збор за него. Тој немал браќа и сестри, има сестри од чичковци и тетки, едната беше синоќа. Никој не знае од каде го набавил експлозивот, тоа нѐ изненади сите. Тој беше најмирниот од сите нас овде. Се видовме пред некој ден, изгледаше добро. Кај него овде доаѓаа извршители бидејќи не беа плаќани сметките“, изјави сосед.

Во експлозијата што се случи синоќа околу 20.30 часот во зграда на улицата Слобода во центарот на Смедерево едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата, која е уништена, како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.

Звукот на детонацијата се слушал и во далечните делови на градот. Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека експлозијата наводно се слушнала неколку километри подалеку.

Спонзорирано: