Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Излета автомобил со скопски таблички влизу Охрид – Повеќемина повредени, меѓу кои и дете

На 29.08.2023 08.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Врбјани и с.Сливово, патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(48) од с.Долно Свиларе, скопско, излетало од патот.

По несреќата, возачот Б.М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза, а сопатниците Х.М.(44) и еден малолетник, двајацта од с.Долно Свиларе, биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Притоа, на Б.М., Х.М. и двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК