23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинците тврдат дека уништиле 43 од 44 руски беспилотни летала и проектили

Украинското воено воздухопловство соопшти дека во текот на ноќта уништиле 43 од 44 руски ракети и беспилотни летала.

Тие велат дека уништиле 15 од 16 ирански дронови Shaded и сите 28 проектили.

Се уште не е познато колкава е руската штета причинета во утринскиот украински напад на аеродромот во Псков. Како што пишува Некста, според неофицијални информации, Русите останале без седум авиони.

„Два Ил-76 се целосно уништени, четири се оштетени“, пишуваат руските медиуми. Исто така, претходно се зборуваше за оштетениот авион Ту-22.