13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина со рекорден долг

Јавниот долг на Украина продолжи да расте и достигна нов рекорд од речиси 133 милијарди долари, што претставува зголемување од 4 милијарди долари за еден месец, соопшти украинското Министерство за финансии.

Во исто време надворешниот долг на Украина достигна 3,319 трилиони гривни (90,77 милијарди долари), што е 68,29 отсто од вкупниот јавен долг, а внатрешниот долг достигна 1,541 билион гривни (42,15 милијарди долари), односно 31,71 отсто од вкупниот јавен долг.

Износот на јавниот и на државно гарантираниот долг на Украина во јули се зголеми за 146,23 милијарди гривни или 4 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Спонзорирано: