23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија во Грција: тригодишно момче се задуши од грозје

Тригодишно момче се задушило од грозје на грчкиот остров Тинос, пренесуваат грчките медиуми.

До задушувањето најверојатно дошло откако момчето јадело грозје, објави грчката „Прототема“.

Таткото веднаш го однел момчето во полициска станица, која се наоѓа во близина на семејната куќа. Таму му пружиле прва помош и во таа прилика од устата на момчето извадиле најмалку две зрна грозје.

Но додека момчето било однесено до болницата со полициско возило, веќе било доцна. Тоа починало, пренесува медиумот.

Спонзорирано: