14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелка паднала од падина во Плитвичките Езера и починала

Во националниот парк Плитвички Езера 73-годишна државјанка на Израел се оддалечила од групата во неоградена област, каде што ја изгубила стабилноста и паднала од падината во езерото, известуваат од полициската управа Лика-Сењ.

Според нив, таа од добиените повреди починала.

Полициски службеници од Граничната полициска станица Кореница извршиле увид на местото на настанот, а до надлежниот државен правобранител ќе достават посебен извештај.