23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во БиХ загина семејство од Србија, тројца возрасни и едно дете

Четири лица од Србија загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата вечерта кај Прњавор. Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, тие се членови на исто семејство.

„Независне новине“ објави дека е утврден идентитетот на сите жртви што загинаа во сообраќајната несреќа кај Прњавор.

Сите жртви биле во автомобил „пежо“, а според овој медиум, се работи за Александар Јовановиќ (19) од Мачванска Митровица, Видосава Јовановиќ (49) од Кленак, Рума, Дејан Јовановиќ (23) од Мачванска Митровица и едно дете (7) од Мачванска Митровица.

Трагедијата се случила околу 20.30 часот на магистралниот пат Прњавор – Дервента во градот Штрпци.

Спонзорирано: