29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руската воздушна одбрана собори два украински беспилотни летала над регионот Тула

Руската армија утринава спречи обид на Киев со два беспилотни летала да изврши напад на руска територија, соопшти Министерството за одбрана.

„Руските сили за противвоздушна одбрана уништија украински беспилотни летала над територијата на регионот Тула“, се вели во соопштението на Министерството

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека во понеделникот вечерта над областа Брјанск, силите за воздушна одбрана собориле два украински беспилотни летала.