13.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Само 8% од Русите веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин

Само осум проценти од Русите веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на шефот на руската приватна паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, покажува анкетата што за лондонски „Сандеј тајмс“, ја изработи Институтот „Отворени умови (Open Minds) само девет часа по падот на авионот.

Рускиот истражен комитет денеска потврди дека Пригожин загинал во авионска несреќа во средата вечерта во областа Твер, во близина на Москва.

Сите 10 патници и членови на екипажот загинаа во падот на авионот „Ембраер“, што летал од Москва за Санкт Петербург.

Истражувањето на меѓународниот тинк-тенк, покажа и дека само два отсто од поддржувачите на рускиот режим го гледаат Путин за виновник за смртта на Пригожин.

Најголем број од испитаниците, односно 28,4 отсто, сметаат дека несреќата била монтирана, додека 28,3 отсто како причина за падот на авионот ги навеле техничките тешкотии или пилотската грешка.