23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

(Видео) Индијците слетаа на Месечината, испишаа историја

Индија испиша историја со слетување на Јужниот пол на Месечината.

„Chandrayaan-3“ слета на површината на Месечината, со што Индија стана првата земја која успешно слета со вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината, пишува BBC.

Сите претходни мисии на Месечината беа во близина на екваторот – но истражувањето на јужниот пол е клучно за потрагата по вода.

Научниците сега се надеваат дека ќе распоредат ровер за испраќање слики и податоци назад на Земјата.