16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ДРАМА НА НЕБОТO: Пилот отишол во тоалет и не се вратил, авионот се движел со 900 километри на час

За време на летот на Latham LA 505 на пилотот почнал да му се слоши и отишол во тоалет и колабирал. Лежеше таму без свест. Останатите членови на екипажот избезумено се обидувале да го реанимираат додека авионот летал низ ноќта со брзина од околу 900 километри на час на височина од околу 11 километри.

Пилотот работел за Latham Airlines 25 години, а летот од Мајами, САД до Сантијаго, Чиле, требало да биде рутински. Но, по неколку часа лет, патувањето станало драматично.

Пилотот доживеал срцев удар. Реанимацијата, за која членовите на кабинскиот екипаж се обучени, започнува во воздухот. За среќа, во пилотската кабина има уште двајца пилоти, чија задача била да го приземјат авионот. Бидејќи најдобрата медицинска нега е достапна само на копно, тие одлучуваат да слетаат во Панама Сити, Панама.

Само 28 минути му беа потребни на Боингот 787 да слета на аеродромот. Но, сепак не беше доволно. За пилотот било доцна, а лекарите констатирале смрт на капетанот.

Спонзорирано: