17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пијани Американци кои заспале на Ајфеловата кула: Ги чека казна

Двајца американски туристи ја искористија единствената можност да преноќат на Ајфеловата кула во Париз.

Станува збор за двајца мажи кои биле под дејство на алкохол кога се „заглавиле“ на кулата. Причина за тоа е оградата која се спуштила на скалите. Тие биле пронајдени од безбедносните сили рано изутрината.

Туристите платиле влез за да ја посетат Ајфеловата кула околу 22:40 часот, но кога се симнале ги прескокнале безбедносните бариери. На крајот се најдоа меѓу второто и третото ниво на кулата, место кое нормално е затворено за јавноста.

Противпожарната служба специјализирана за спасување луѓе од височина била испратена да ги собере туристите, а закажаното време за отворање на кулата во 9 часот е одложено поради оваа акција. Туристите не претставувале опасност, но биле сослушани во полиција и кривично ќе одговараат.

Во саботата, ден пред овој инцидент, имаше две лажни пријави за бомба на кулата, кога кулата мораше двапати да биде евакуирана. Полицијата покрена истрага која дојде преку објави на веб-страница за игри и платформа за онлајн комуникација меѓу граѓаните и полицијата.

Спонзорирано: