17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во близина на романски крајбрежен град – „Тоа е руска мина“

Во близина на романскиот крајбрежен град Костинести денеска одекна експлозија, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци и службите за итна помош.

Се верува дека станува збор за руска противбродска мина, изјави портпаролот на романската морнарица за телевизијата Диги24.

Цивилната заштита соопшти дека нема повредени.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, романската морнарица оневозможила пет руски мини во Црното Море, изјави портпаролот.

Костинести е многу популарна туристичка дестинација на Црното Море, на околу 250 километри источно од Букурешт. Според властите, експлозијата се случила на насип во близина на хотел.

По експлозијата се крена црн чад, изјави очевидец кој го набљудувал инцидентот од терасата на хотелот, пренесе Диги24.

Спонзорирано: