17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Во пожарите на Хаваи 89 загинати: Ваква природна катастрофа немало во САД во последните 100 години

Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи, на Хаваи, сега изнесува 89. Ова е најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од сто години, соопштија официјални лица.

Тимовите за пребарување со кучиња ги поминуваа урнатините на Лахаина, четири дена откако пожарот го срамни историското одморалиште, уништувајќи згради и автомобили.

Гувернерот Џош Грин на прес-конференција предупреди дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Во однос на бројот на загинати, ова е најлошата природна катастрофа на Хаваите во историјата, надминувајќи го цунамито во кое загинаа 61 лице во 1960 година, една година откако Хаваи стана американска држава.

Властите почнаа да им дозволуваат на жителите да се враќаат во Западен Мауи, иако пожарната зона во Лахаина остана забарикадирана.

Официјалните лица предупредија дека отровните испарувања би можеле да доаѓаат од областите во кои тлее пожарот и истакнаа дека операциите за пребарување продолжуваат.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати, а точниот број не е познат.

Катастрофата започна во вторникот по полноќ, кога беше пријавен пожар во градот Кула, на околу 35 милји од Лахаина.

Спонзорирано: