14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Огромна експлозија во куќа во Пенсилванија остави пустош зад себе

Најмалку четири лица загинаа, тројца се повредени, а еден се води како исчезнат во експлозија на куќа во предградие на Питсбург во американската сојузна држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.

Едно од повредените лица е во критична состојба, јавува Си-би-ес њуз.

Експлозијата уништи три куќи и оштети најмалку уште десет.

Претставничката на локалните власти Ејми Даунс изјави дека во една куќа имало експлозија, а две биле зафатени од пламен.

Причината за експлозијата се уште се истражува.

Спонзорирано: