10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Најмалку 11 лица загинаа во пожарот што го зафати одморалиштето во Франција

Најмалку 11 лица загинаа денеска во пожарот што зафати одморалиште за лица со посебни потреби во источна Франција, соопштија властите.

Заменик-обвинителката на Колмар, Натали Килвасер, изјави дека 11 лица загинале во пожар што избувнал во куќата во Винзценхајм, во близина на Колмар, пренесува BFM TV.

Пожарот избувнал утрово околу 06:30 часот, додека лицата и нивните старатели спиеле во двокатницата.

Француската премиерка Елизабет Борн го посети местото на пожарот, јавува Ројтерс.

Одморалиштето во текот на летото го изнајмиле две добротворни организации, кои се грижат за лицата, јавуваат локалните медиуми.

Во куќата имало 28 лица, а 17 успеале да избегаат од пожарот.

„Неколку луѓе кои беа на првиот кат успеаја да избегаат, но повеќето од оние што излегоа беа на приземјето“, изјави за новинарите потполковник Филип Овилие.

Околу две третини од одморалиштето е уништено во пожарот.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Спонзорирано: