12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Финец ставил 12 килограми експлозив во автомобилот на својот пријател, вели дека се шегувал

Маж од Финска ставил 12 килограми експлозив во двата автомобила во сопственост на неговиот пријател, поради што е уапсен, јави финската телевизија YLE. На полицијата и’ рекол дека се шегувал и оти не планирал да ги разнесе возилата, пишува ABC.

Пријателот сепак, не ја прифатил „шегата“, па за случајот ја известил полицијата.

Финецот бил накратко приведен, а иако е ослободен, сепак ќе биде кривично гонет. Тој призна дека на 3. август поставил експлозив во автомобилите.

Во овој случај полицијата исклучила терористичка закана, но осомничениот се соочува со затворска казна до две години. Од локалната полиција потврдуваат дека мажите се познаваат и живеат во мало село во западниот дел на Финска.

Не е соопштен идентитетот на мажите.

Спонзорирано: