13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски до Русите: Ако продолжите да ги напаѓате нашите пристаништа, може да останете без бродови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди Русија дека може да остане без бродови доколку продолжи да ги напаѓа украинските пристаништа.

„Немаме толку многу оружје, но ако продолжат да пукаат, може да останат без бродови до крајот на војната“, рече Зеленски на прес-конференција во неделата.

Да потсетиме, неодамна украински беспилотни летала погодија руски танкер за нафта и воен брод. „Ова е она што сакаме да им го покажеме. Украина дефинитивно ќе одговори на сите напади врз цивилното население и коридори за жито. Ако Русија продолжи да доминира во Црното Море и да го блокира со истрелување проектили, тогаш Украина ќе го стори истото. Фер одбрана“, додаде Зеленски, како што пренесува Си-Ен-Ен.

Обединетите нации ги осудија неодамнешните руски напади врз украинските магацини за жито.

„Одлуката на Москва да се повлече од Црноморскиот договор и нејзините повторени напади врз украинските пристаништа и инфраструктура предизвикуваат огромна штета на земјоделскиот сектор во Украина и може дополнително да го зголемат гладот ​​кај најсиромашните луѓе во светот“, рече во саботата Дениз Браун, хуманитарна координаторка на ОН за Украина.