11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Потресна сцена: Се урна мост во Словенија, автомобилот запре во последен момент

Читател на словенечкиот портал Siol.net испрати видео од уривањето на мостот на патот меѓу Стаховица и Камник во градот Камништа Бистрица.

Во моментот на уривањето на мостот низ него минувал автомобил кој во последен момент застанал и веднаш тргнал наназад.

Siol.net пренесува дека поради поплави се затворени бројни патишта низ Словенија.

Во моментов поради поплави и голем број затворени патишта сообраќајот на магистралниот пат меѓу Крањ и клучката Љубљана Брод е дозволен и за возила без вињета.

Од Јесенице до Љубљана нема возови.

Видео од шокантниот инцидент е објавено ОВДЕ.