22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Продолжуваат скандалите и измамите со брзите кредити – Еве со каква леснотија може секој да подигне кредит на ваше име

Скандалите со брзите кеш кредити продолжуваат.

Овој пат во полиција се охрабри да пријави 44 годишна кочанчанка, која во полиција пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање на брз кредит.

Жената на Фејсбук ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

МВР соопшти дека подоцна ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

Машкото лице побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје, но жената се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.

Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

Ова не е прв случај каде невини граѓани се жртви, бидејќи компании за брзи кредити со голема леснотија и само лична карта даваат пари.