10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужас во Аризона: шестгодишно девојче загина кога мајка му го прегазила со чамец додека пливало

Шестгодишно девојче загина во американската сојузна држава Аризона откога мајка му случајно го удрила со пропелер на чамец, соопшти денеска полицијата во Марикопа.

„Очевидци на местото на настанот потврдија дека мајката управувала со чамецот, а девојчето без знаење на семејството некако влегло во водата“, се наведува во соопштението, пренесено од американската телевизија Ен-би-си.

Таткото на девојчето, кој бил во водата, сфатил дека и ќерка му е таму кога видел дека пропелерот ѝ ја ампутирал ногата.

Девојчето било пренесено во блиската болница, каде што набргу била констатирана смрт.

Од полицијата наведуваат дека истрагата сѐ уште е во тек.

Спонзорирано: