10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Урбан алпинист загина среде акробација на облакодер во Хонг Конг

Французинот Реми Лусиди, познат по екстремните акробации што ги споделува на „Инстаграм“, почина откако падна од 68 кат на станбена зграда во луксузниот кварт Мид-Ливелс во Хонг Конг.

Овој урбан алпинист, таканаречен ‘руфер’ (од англ. roof – покрив) редовно освојувал висококатници низ светот и споделувал фотографии од своите подвизи.

Извор запознаен со случајот претходно рече дека Лусиди, кој го користел името Реми Енигма на социјалните мрежи, последен пат бил виден жив како тропа на прозорецот од пентхаус на 68-от кат на кулата Трегунтер околу 19:30 часот во четвртокот.

Преплашена куќна помошничка во станот повикала полиција на помош кога го видела на прозорецот.

Луциди паднал од зградата пред да пристигнат полицајците. Тој бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Полицијата ја пронашла неговата спортска камера во која имало снимки како се качува по високи згради.

„Инстаграмот“ на младиот Французин е преплавен со изрази на сочувство. Реми имал и Јутјуб-канал кој веќе не постои, а на „Инстаграм“ го следеле околу четири илјади луѓе.

Спонзорирано: