17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Товарниот брод во Холандија гори од минатиот вторник, превезувал 4.000 автомобили

Товарниот брод, кој гори од минатиот вторник и превезуваше речиси 4.000 автомобили, е одвлечен на нова локација подалеку од бродските патеки во близина на холандскиот брег, соопшти денеска холандското Министерство за јавни работи и водостопанство.

Товарниот брод, кој патувал од Германија за Египет, бил одвлечен на локација северно од холандските острови Амеланд и Ширмоника, соопшти Министерството.

Портпаролката на Министерството за холандската агенција АНП изјави дека бродот на новата привремена локација е подалеку од бродските рути и е позаштитен од ветрот.

Индиец, член на екипажот, загинал во пожарот, а седуммина се повредени кога скокнале од бродот за да избегаат од пожарот.

Јапонската чартер-компанија Kawasaki Kisen Kaisha – K Line во петокот соопшти дека на бродот имало 3.783 возила, вклучително и 498 батерии за електрични возила, значително повеќе од првично пријавените 25.

Спонзорирано: