10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Пригожин проговори: „Вагнер“ не регрутира сега, но се подготвуваме за иднината

Шефот на руските платеници, Евгениј Пригожин, во гласовна порака објавена денеска рече дека неговата воена организација „Вагнер“ моментно не регрутира нови борци, но веројатно тоа ќе го направи во иднина.

Иднината на „Вагнер“ и Пригожин е нејасна откога на крајот на јуни се случи краткотрајниот бунт против рускиот воен естаблишмент, а официјален Кремљ подоцна одобри Пригожин и некои од неговите борци, кои се бореле во некои од најжестоките битки во Украина, да одат во Белорусија, според „Ројтерс“.

И покрај сѐ, Пригожин беше поканет на средба со Владимир Путин само пет дена по бунтот, а минатата недела беше фотографиран во Санкт Петербург, каде што рускиот претседател беше домаќин на африканските лидери за време на самитот Русија – Африка.

„Денеска, ги дефинираме нашите следни задачи, чија рамка станува сѐ појасна. Несомнено, тоа се задачи што ќе се извршуваат во името на големата Русија“, рече Пригожин во гласовната порака објавена на „Греј зона“, телеграмски канал поврзан со организацијата „Вагнер“.

Спонзорирано: