13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за жито

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска ја повика Русија да се врати на договорот за жито.

Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да биде обединета во изнаоѓање ефективно решение.

„Останувам посветен на обезбедување непречен пристап до глобалните пазари за прехранбени производи и ѓубрива од Украина и Руската Федерација и на обезбедување на безбедноста на храната што секој човек ја заслужува“, рече Гутереш на самитот за системи за храна во Рим, пренесува „Гардијан“.