13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма на небото над Италија: Невремето го оштети авионот, избушени се трупот и крилата

Патничкиот авион кој летал меѓу Милано и Њујорк бил пренасочен на аеродромот во Рим Фиумичино откако бил оштетен во невремето што денеска го погоди северот на Италија.

Како што јави американската авиокомпанија „Делта“, авионот морал принудно да слета поради неповолните временски услови, поточно голем град. Авионот слетал нешто пред 14 часот на аеродромот во Рим и „патниците безбедно се симнале“.

Споделените фотографии покажуваат оштетување на трупот и крилата на авионот.

„Авионот претрпе одредена штета за време на лошите временски услови. Локалниот тим за одржување ја прегледува штетата“, соопшти компанијата.

Невреме денеска ја погоди областа Ломбардија, каде жена (58) загина откако дрво паднало врз неа. Пожарникарите со часови се обидувале да го извлечат телото од под паднатото дрво, додека брзата помош можела само да констатира смрт.

Силно невреме пропратено со град и дожд денеска го погоди северот на Италија.