24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ветено – сторено, вработените во УЈП со 30 отсто повисока плата

Продолжува бранот на покачувања на платите во земјава. По наставниците, администрацијата, здравствените работници покачување ќе има и за вработените во УЈП.

Вработените во УЈП ќе ги добијат бараните покачувања на платите за 30%, со што синдикатот се откажа од генералниот штрајк

„Вработените во УЈП беа јасни во своите намери и ставови, законски основ за зголемување на плати којшто 14 години не им беа зголемувани. Се најде начин, се утврди дека со закон следи, помирувачот даде такви препораки, се постигна договор, се оствари правото на зголемување на плати, протестите престанаа и е безпредметно организирање на генерален штрајк“, изјави за Канал 5, Васе Недановски, претседател на Синдикатот.

Денеска исто така директорката на УЈП Сања Лукаревска соопшти дека постигнале договор со синдикатот и веќе следната недела, како што рече во гостување во емисијата Клик плус на ТВ 21, парите ќе бидат исплатени, откако добиле позитивно мислење од Министерството за финансии.

„Го потпишавме колективникот договор, помеѓу работодавачот, односно УЈП и репрезентативниот синдикат на УЈП „Солидарност“ и истиот го доставивме до министерството за финансии кадешто добивме и позитивно мислење. Сите оние протести кои што беа во 2 часа во текот на работниот ден како и најавата за генерален штрајк веќе не се опасност во делот на работењето на УЈП“, изјави Лукаревска.

Спонзорирано: