Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Синоптичарите објавија кога доаѓа заладување и освежување – Долгорочна детална прогноза

До среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури, како и многу висок UV индекс. Најтопло ќе биде утре и во среда, кога ќе дува засилен југозападен ветер. Поради ова ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од висока температура.

Утре и во среда ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури.

Во среда кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.

Прогноза за 26.07.2023
Минимална температура: 17°C до 25°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло, до крајот на денот на северот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). UV=9

Прогноза за 27.07.2023
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 24°C до 31°C

Во западните делови променливо облачно со локален дожд, во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Дневната температура значително ќе се намали. UV=8

Прогноза за 28.07.2023
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК