15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Пронајдени траги од експлозив на брод што пловел од Турција кон Русија, тврди ФСБ

Траги од експлозив се пронајдени на товарен брод кој пловел од Турција кон Русија преку Керченскиот теснец, а според информациите на разузнавачката служба, истиот товарен брод бил на крајот на мај во украинското пристаниште Килија во областа Одеса, соопшти прес-службата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

ФСБ наведува дека овие околности може да укажуваат на можност за користење на странски цивилен брод за испорака на експлозив на територијата на Украина и затоа на товарниот брод му е забрането да поминува под мостот на Крим, пренесува РИА Новости.

Во соопштението се наведува дека во саботата биле пронајдени траги од динитротолуен и тетрил експлозив во багажникот на странски товарен брод на пат од Турција кон пристаништето Ростов на Дон за да натовари жито.

ФСБ потсетува дека од безбедносни причини се проверуваат бродовите што одат кон Азовското Море преку Керченскиот теснец.

Според информациите на разузнавачката служба, истиот товарен брод се наоѓал во украинското пристаниште Килија во областа Одеса, а во јули екипажот на бродот бил целосно заменет во турското пристаниште Тузла, составен од 12 државјани на Украина, а бродот го сменил и името.

Спонзорирано: